Ракомет
11. January 2017 - 19:22

Франција 2017: Исланд без Палмарсон

Бекот на репрезентацијата на Исланд Арон Палмарсон нема да настапи на претстојното Светскот првенство во Франција. Палмарсон кој подолг период влечеше повреда не е меѓу пријавените играчи за натпреварите во групата Б што се игра во Мец.

Палмарсон (играч на унгарски Веспрем) веќе се вратил за Исланд, што значи дека нема да биде ниту во комбинација за дуелот против Македонија на 19.јануари во рамките на 5.коло.