Ракомет
28. January 2017 - 18:15

Франција 2017: Бронза за Словенија или Хрватска

Репрезентациите на Словенија и на Хравтска вечерва во Париз ќе го играат натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во ракомет.  И двете селекции загубија во полуфиналето: Словенија од Франција, а Хрватска по продолжение од Норвешка.
Во двата табора истакнуваат дека ќе најдат сили и последниот натпревар да го одиграа најдобро што можат и со медал да го завршат шампионатот. Во нешто подобра позиција е Словенија, која своето полуфинале го играше во четвртокот, додека Хрватска практично нема ден одмор пред дуелот за бронзата.
Ова е втор натпревар на овие две селекции за бронзен медал на Светското првенство. Пред четири години Хрватска во Барселона ја победи Словенија со 31:26. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот, а го судат шпанските судии: Оскар Ралуи Лопез и Анхел Сабросо Рамирез.
Утре во финалето од 17:30 часот ќе играат светскиот првак Франција и Норвешка.