Спорт плус
1. August 2015 - 20:56

(ФОТО) Ристоски: Првите два сета беа беспрекорни

Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево успеа да оставри победа од 3:0 во сртови над Австрија, а со истиот ривал утре ќе одигра уште еден натпревар во рамките на Европската лига.
Селекторот Жарко Ристоски по натпреварот изјави:
- Задоволен сум од прикажаното. Ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава во Европската лига. Тоа што денеска го прикажавме вреди многу пред се за самодовербата.Првите два сета ги одигравме беспрекорно и на високо ниво, а ривалот имаше и многу сервис грешки. Но, утре ќе биде потешко да се стигне до победата.
Вториот натпревар меѓу Македонија и Австрија се игра утре истотака во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.