Македонија
6. March 2018 - 21:09

Формиран Совет што ќе ја следи имплементацијата на стратегијата во правосудство 2017-2022

Владата на денешната седница формираше Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев.

Во Советот ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, државниот јавен обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелациските судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од основните судови Скопје 1 и 2.

Како што соопшти владината прес-служба, членови на овој совет ќе бидат и народниот правобранител Иџет Мемети и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу принт групата на граѓански организации за правосудство.