Македонија
23. November 2015 - 20:15

Формиран македонско полски бизнис клуб

Полските компании се заинтересирани за инвестирање во Македонија, но не се доволно информирани за поволностите што ги нуди земјава. За таа цел се формира бизнис клуб, кој треба да ги зближи фирмите од двете земји и да ја подобри нивната соработка. Полскиот амабсадор во земјава посочи дека земјата е 22ри трговски партнер на Македонија, што значи дека има уште многу простор за соработка во делот на економијата.

- Иницијативата за формирање бизнис клуб доаѓа во одлично време, кога односите меѓу двете земји во сите сфери се на високо, завидно ниво. Полска е 22-ри трговски партнер на Македонија. Добриот момент треба да се искористи за да се подобри ваквата статистика, истакна полскиот амбасадор во земјава Јацек Мултановски.

Полскиот пазар е мост помеѓу ЕУ и Русија што претставува исклучителна можност за нашите компании да ги пласираат своите производи на овие пазари. Претседателот  на клубот Антевски, ја посочи компанијата Раде Кончар која веќе 10 години е присутна на полскиот пазар . Истакна дека земјата е ценовно поповолна од другите држави со кои Макеоднија соработува.

Полска е една од најбрзорастечките економии во Централна Европа со пазар од 40 милиони жители. Во последниве 9 месеци размената помеѓу двете земји е над 88 милиони долари, од кои 20 милиони се извоз а 68 милиони увоз.