Loading Video...
Свет
5. November 2015 - 17:45

Форбс - Путин најмоќен човек во светот

Угледниот  магазин „Форбс“ ја објави листата  на најмоќни луѓе во светот за 2015 година. Трета година по ред на врвот на оваа листа е рускиот претседател Владимир Путин. Зад Путин се најде германската канцеларка Ангела Меркел  а американскиот претседател Барак Обама го зазеде третото место.  Ова е првпат претседател  на САД да не е на едно од првите две места на рангирањето на Форбс , кое се спроведува во последните седум години. Папата Франциско ја задржа четвртата позиција, додека кинескиот претседател  падна за две места за разлика од лани и сега е на петтото место.

Нова  бегалска трагедија во Егејското море

Нема крај на трагедиите  со мигранти  и бегалци  во водите на Егејското море.  Две деца бегалци нокеска се удавиле во близина се грчкиот остров Кос, откако чамецот  со кој  патувале потонал.  Грчката крајбрежна стража соопшти дека  бродоломот го преживеале 14 лица.  Бродот тргнал од Турција. Од почетокот на годината 560 илјади мигранти и бегалци стигнале  до Грција по море а над 3 200 загинаа по овој пат.

Во канадската влада  за прв пат  има подеднаков број министри и министерки

Канадскиот премиер Џастин Трудо формираше нова влада во која од вкупно 30 министри , 15 се жени. Ова е првпат во историјата Канада да добие влада со подеднаква застапеност на жени и мажи. Трудо синоќа положи заклетва за верност кон државата и британската кралица и вети дека Владата ќе  биде отворена и транспарентна.