Свет
1. November 2017 - 19:34

„Форбс“: Меркел е највлијателната жена во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел седма година по ред е прогласена за највлијателна жена според калсификацијата на списанието „Форбс“, што беше објавена денеска. 

На второ место е британската премиерка Тереза Меј. Минатата година второто место го освои поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон. 

На трето место е Мелинда Гејтс, сопругата на основачот на компанијата  „Мајкрософт“ Бил Гејтс. 

Во листата на највлијателни десет жени во светот за оваа година се наведени: Шерил Сандборг, извршната директорка на Фејсбук, шефицата на компанијата „Џенерал моторс“ Мери Бара, Сузан Војчички - извршната директорка на Јутјуб, Абигејл Џонсон - шефицата на инвестициската компанија „Фиделити инвестмент“, Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот валутен фонд, Ана Патрисија Ботин - шефицата на холдингот „Сантандер груп“,  и Џини Ромети - шефицата на Ај-Би-Ем.