Бизнис
15. February 2017 - 19:47

Фондот за иновации распиша оглас за распределба на 1,4 милиони евра

Во Македонија има потенцијал за иновации но недостасуваат ресури  за тие проекти да излезат и на пазарите надвор од земјава односно во Европа, сметаат од Комитетот за одобрување на иновации на македонскиот фонд за  иновации и развој. 

Според нивните  анализи најголем дел од иновациите во тука  се во ИТ секторот и земјоделството.

- Во земјава има талентирани млади лица кои своите проекти можат да ги пренсат на паззарите во странство. Важно е претприемечите да не гледаат само да го надминат прагот на рентабилност туку да се стремат за промоција. Но тоа е проблем со сите земји во регионот. Локалните компании да остваруваат партнерства со европските  и други  компании за да можат поленсод а излезат на странските пазари, рече Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на иновациите на македонскиот фонд за иновации и технолошки развој.

Четвртиот повик  на Фондот за аплицрање за добивање на средства за иновативен проект е до 3 мај.  Обезбедени се над 1 милион и 450 илјади евра, за финансирање на 15 старт уп и 10 проекти на микрот,  мали и средни фирми.

Македонскиот фонд за иновации е сличен на Европските. Според Поповска  тој им помага на фирмите да станат поконкуретни на странските пазари следејќи ги светските трендови.

За две години колку што постои фондот до сега се доеделни над 1 милиони и 500 илјаид евра за 37  иновативни  проекти.