Бизнис
25. January 2017 - 16:25

Фондот за иновации нуди можности за младите со идеи

Апарат за рана превенција од срцев удар. Со следење на сигналите на мобилен телефон пациентите ќе можат сами да си прават ЕКГ,  односно сигналите ќе ги предупредат лицата кај кои постои опасност.

Ова е иновацијата на професорот Марјан Гушев од Финки и тим на млади истражувачи од факултетот. Со помош на 120 000 евра од Фондот за иновации успеале да ја реализираат својата идеја.

Голем е бројот на млади луѓе кои студирале во странство и се вратиле тука да работат. Токму тоа е и идејата на Фондот за иновации. Да се поттикнат младите да останат во земјава и да почнат сопствен бизнис.

Според младиот Александар Ристовски, член на тимот на компанијата,  во земјава има работа, особено за младите кои студираат технички науки, но недостасува научно истражувачка работа во фирмите.

Тестирањето на иновацијата ќе почне најдоцна за еден месец, а за половина година се очекува да биде пуштена во продажба.

Од Фондот информираат дека најдоцна до 5ти февруари ќе биде објавен и третиот повик.