Македонија
24. January 2018 - 16:33

Фондот за иновации ќе финансира 3 проекти за намалување на загадувањето

Фондот за иновации ќе избере три проекти на фирми кои конкурираа на повикот О2 предизвик со план како да се реши проблемот со загадувањето. Приватните компании аплицираа со решенија за  областа на транспортот, загревањето и градежништвото и истите ќе треба да ги реализираат најдоцна за една година. Меѓу нив се проекти за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки ќелии, развој на мобилна апликација за мерење на загадувањето со еко дрон, електричен велосипед со филтри за прочистување на воздух и други.

Оваа зима Скопје се искачи на прво место на листата најзагадени градови во Европа. Од почетокот на зимската сезона кога има најголемо загадување, надлежните бараат идеи но конкретни мерки не се преземани до сега. Во изминатиов период во три наврати се активираа и итните мерки против загадувањето во главниот град, но оттаму не информираа дали е постигнат некаков ефект.