Бизнис
22. February 2017 - 20:42

Фондот за иновации и ССК ќе прават обуки за развивање иновативни проекти

Пазарниот потенцијал на предложените производи најчеста причина за одбиени апликации од Фондот за иновации. Компаниите кои аплицираат мора да посветат поголемо внимание на целната група, односно кој ќе биде краен корисник на нивната иновација. Фондот и бизнис заедницата ќе одржуваат обуки за да им помогнат на заинетерисраните фирми како да подготват добри проекти.

Во тек е четвртиот повик на Фондот. Може да се пријават сите старт ап и спин оф фирми не постари од 6 години кои имаат иновативни идеи. Максималната сума која можат да ја добијат е 30 000 евра. Со максимум 100 000 евра пак, ќе се финансираат компаниите кои имааат готов производ кој само треба да се лансира на пазарот.

Досега преку Фондот беа финансирани вкупно 37 компании. Заинтересираните фирми за тековниот повик може да аплицираат до 3ти мај.

- Фирмите имаат иновативни идеи но она што им недостасува се добри бизнис планови. Тие знаат да ги произведат иновациите но не знаат како да ги продадат. Поради ова минатата година од планираните 15 компании само 4 претпријатија добија пари од Фондот.