Тенис
14. January 2017 - 10:00

Фогеле го урна сонот на Лина за настап на АО

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа повторно остана без настап на големо натпреварување како што е првиот Грен Слем годинава Австралиа Опен. Во решавачкиот меч за влез на главниот турнир Лина загуби од Швајцарката Фогеле со 2-1 во сетови. 

Ѓорческа тргна добро во мечот и поведе со 1:0 во сетови, откако го доби првиот со 6:4. Следеше сет во кој Фогеле врати и дојде до 6:3, па мечот отиде во мајсторка.

Во третиот сет, Ѓорческа тргна одлично. Го доби првиот гем на свој сервис, а потоа направи брејк и поведе со 2-0. Сепак, тука како и заморот да го стори своето, па Фогел ги доби следните шест гема.

Со ова Лина остана без место на главниот турнир, но покажа дека е одлично подготвена за нов напредок на ВТА-листата.