Бизарно но вистинито
29. јуни 2016 - 11:36

Флака е се повеќе популарна во светот - Погледнете како делува оваа смртоносна дрога!

Видеото со наслов „Flakka takes over Florida“ се најде на интернет, а на него е прикажана жена во жолт костим за капење како скока  на тревата во дворот. Како што пишува во описот на снимката, жената се однесува како луда, бидејќи е под влијание на силна дрога.
 
Флака најчесто може да се најде во облик на кристални "камчиња", кои се голтаат, а консумерите се чувствуваат како да имаат натприродни моќи.
 
Ситните кристали исто така може да се вдишат, но и да се стават во електронска цигара, што овозможува непречено консумирање во јавност.
 
Флака се произведува од синтетички катинон, а ефектот трае околу четири часа. За тоа време консумерите се однесуваат крајно бизарно, па трчаат, соблекуваат алишта, и "имаат секс со дрвја".
 
По крајот на дејството, се чувствуваат исцрепено, со изгубена желба за движење.
 
Погледнете го видеото...