Фудбал
27. April 2017 - 17:52

ФК Силекс: Петревски измисли пенал за ФК Победа

СООПШТЕНИЕ ФК СИЛЕКС 
Натпреварот од 29. Коло во Првата МФЛ  помеѓу  Победа и ФК Силекс  кој заврши со минимална победа на домашниот тим од 1-0  предизвика голем револт  и разочарување во нашиот клуб ФК Силекс од Кратово. 
 
По прегледувањето на снимките од натпреварот  уште повеќе сме убедени дека  резултатот е „скроен“  по тенденциозното судење на   главниот судија Димитар Мечкаровски и неговиот асистент Гоце Петрески но и со вмешаност на други структури и  „моќници“ во  ФФМ за што говорат следните факти: 
 
1. Во  првото полувреме по стартот врз нашиот  играч  Недељковиќ  главниот судија Мечкаровски иако беше во непосредна близина  немаше храброст да досуди  пенал за ФК Силекс.  Дека постои контакт и старт убаво се гледа од забавената снимка што ја обезбедивме и ќе ја приложиме до органите на федерацијата. 
 
2. Во 90-тата минута   Мечкаровски досуди „измислен“ пенал кој на стадионот во Прилеп го виде само неговиот помошник  Гоце Петрески и по чија интервенција  ФК Победа доби  подарок пенал кој подоцна го реализира за триумф од 1-0.  Снимката безусловно потврдува дека нема игра со  рака и дека играчот на ФК Силекс Ацевски  се наоѓа надвор од казнениот простор кој воопшто и не беше прописно обележан. 
Со приложените снимки потврдуваме дека  ФК Силекс  го загуби натпреварот во Прилеп само поради  „нарачаното“ судење   кои  го извршија Мечкаровски и Петрески. 
Дека се работи за смислено сценарио говори и фактот што како првично за одигрување на натпреварот беше одреден стадионот „Под Тумбе Кафе“  во Битола за што добивме и официјален допис од ФФМ кој го приложуваме.  
 
За жал  по нечија интервенција во 5 до 12  местото на одигрување се менува и средбата се одигра на игралиштето  во Могила кое за ваков важен првенствен натпревар воопшто не е безбедно за што говори податокот дека одредени неслужбени лица по завршувањето на средбата лесно се најдоа на теренот и не беше обележано според прописите на ФФМ. 
 
Посебно е сомнителен фактот што за вака важен меч беше делегиран Гоце Петрески, судија  кој и покрај зрелата судиска возраст напредува со брзина на светлината како судија од задача што фрла посебна црна дамка врз неговата арбитража на средбата во Прилеп и посебно  моментот во 90-тата минута кога само тој од сите присутни на стадионот виде игра со рака во нашиот шеснаесетник. 
 
По сите овие случувања сметаме дека ова е перфидна режија на моќниците во мак-фудбалот со цел да се исфрли ФК Силекс од битката за Европа, место кое се обидува да го обезбеди на спортски начин и само на зелениот терен. 
 
ФК СИЛЕКС  Кратово