-->
-->
ФК Партизан под притисок од УЕФА
-->
Еден од најдобрите фудбалски клубови во Србија, Партизан, со одлука на финансиската комисија на УЕФА во една од наредните три години, во кои преку првенството ќе избори пласмна во европските купови, нема да може да игра европски натпревари, пренесува весникот Спортски журнал на својата интернет страница.
Финансиската комисија на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј на една година го исфрли фудбалскиот клуб Партизан од европските купови. Како што пренесува Спортски журнал се работи за сума од 2,5 милиони евра која ја должи српскиот клуб. Белградскиот клуб, исто така ќе мора да плати и казна во износ од 3.000 евра.
Истиот извор пренесува дека во Партизан не биле загрижени од одлуката на УЕФА, со образложение дека се работи за условна казна и дека суспензијата нема да биде активирана доколку клубот до 31.јануари уплати 360.000 евра.
Спортски журнал потсетува дека поради слични проблеми УЕФА ја суспендира Црвена звезда на една година, кога клубот ја освои шампионската титула во Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците