Свет
10. December 2017 - 10:40

Физичарите докажаа дека постои ексцитониум

По првата теорија за ексцитониум пред речиси 50 години, физичарите конечно успеаја да пронајдат докази за постоењето на тој облик на материја.

Ексцитониум е составен од честички наречени ексцитони, кои се состојат од ослободени електрони и празнините кои тие ги оставаат зад себе.

Терминот „ексцитониум“ го воспостави во 1960 година теоретскиот физичар Берт Халперин од Харвард, а физичарите оттогаш се обидуваат да го докажат неговото постоење.

Во најновите експерименти, истражувачите имаа можност да го набљудуваат овој вид материја и неговата фаза прекусор, што се смета за непобитен доказ за неговото постоење.

Кога електронот ќе отскокне и зад себе ќе остави празнина, таа се однесува како честичка, бидејќи има позитивен набој. Од таа причина ги привлекува другите електрони, ги составува во композитни честички, познати како бозни или ексцитони.

Тим од Инженерскиот факултет при Универзитетот во Илионис ги проучувал кристалите без примеси во преодниот метал дихалкогенид титаниум диселенид (1T-TiSe2).

Истражувачите успеале да добијат исти резултати при проучувањето на пет типови кристали со различна калавост(образец на кршење).

Како што се наведува, за да пронајдат нов облик на материја, научниците развиле нова техника, наречена ЕЕЛ спектоскопија, која е чувствителна на ексцитација од другите научни методи.

ЕЕЛ спектоматарот потоа е поврзан со гониометар со цел прецизно да се измери моментот на имплус на елстроните, што на научниците им овозможи по првпат да ја измерат ексцитацијата на честичките.

Тие успеале да забележат и прекусор на ексцитацијата - фаза на мек плазмон до која доаѓа кога материјата ќе се приближи до критична температура.

- Теоретичарите со децении дискутираат дали е во прашање изолатор, соврешен проводник или супер-течност, а аргументите се доста убедливи на секоја од страните, изјави физичарот Питер Абамонте.

- Бевме во лабораторија кога професорот ни објасни дека само што сме измериле нешто што никој досега не успеал: мек плазмон. Овој проект ми пружи интересно и единствено искуство со M-EELS техникатаи ме мотивира за натамошно проучување на TiSe2, изјави еден од студентите на Абамонте.

Ова откритие би требало да даде одговори на многу прашања од квантната физика.