Бизнис
9. February 2016 - 19:56

Фирмите вработиле над 12.000 луѓе преку Македонија вработува

Проектот „Македонија вработува“ продолжува да дава позитивни резултати и досега на ниво на земјава вработени се 12 621 лице. Заменик министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска од Кочани уште еднаш  ги повика стопанствениците да ги искористат можностите кои што ги нуди проектот и да вработат невработени лица во своите приватни компании. Од април минатата година, кога започна да се имплементира „Македонија вработува“ најголем успех постигна токму во општина Кочани.

-Отворени се вкупно 675 работни места, само во оваа општина. Тоа е голема бројка на работни места, а вкупно 220 приватни компании, приватни субјекти, ги искористиле поволностите од оваа општина- изјави Диме Спасов, заменик министер за труд и социјална политика

Спасов денеска присуствуваше на отворањето на нова детска градинка во с. Оризари, населба со околу 4 и пол илјади жители.

-Вкупно средства кои се обезбедени од министерството и општината се во износ од околу 3 милиони денари-додаде Спасов

Како причина за намалената динамика во изминативе неколку месеци во однос на процесот на реконструкција и изградба на нови претшколски установи, Спасов ги посочи опструкциите од техничката министерка Ременски, но најави дека после април проектот повторно ќе се интензивира.