Бизнис
11. February 2017 - 19:38

Фирмите активно ги користат поволностите кои им ги нуди државата

Со владините   мерки за вработување до ширење на бизнисот и нови вработувања. Фирмите  активно ги користат поволностите кои им ги нуди државата.

Со грант од 10 илјади  евра за набавка на опрема - фирма отворила нови филијали низ Македонија, а со тоа и нови  работни места. Сега ја користат мерката - обука за практиканство.

Надлежните задоволни што интересот за практиканство е  голем. Опфатени се млади до 29  години,  кои 3 или 6 месеци ќе се стекнат со практична работа во фирмите и за тоа ќе добиваат надомест од 6.200 денари.

- До сега се пријавиле над 210 млади, невработени до 29 години и 65 фирми кои имаат потреба да ангижираат кадар преку мерката практиканство. Искуствоти говори дека најдобрите од нив, по истекот на обуката – компаниите ги задржуваат на работа, зијави Слободанка Алексовска, од Агенција за вработување.

Со проектот, кој ќе до крајот на годината ,ќ ќе бидат опфатени 1,000 лица.

За спроведување на проектот, Европската унија издвои над 300 илјади евра, со кој ќе бидат опфатени 1,000 лица. Огласот ќе биде отворен до крајот на годината.

Постапката за аплицирање е едноставна. Фирмите кои сакаат да ја искористат треба да издвојат само 10 минити да пополнат формулар во Агенцијата за вработување. Треба да носат и потврда за платени придонеси за своите вработени. Невработените пак, треба да се регистрирани како активни баратели на работа.