Loading Video...
Фудбал
30. December 2017 - 15:53

Фиорентина и Милан одиграа без победник 1-1

Екипата на Милан продолжува да се мачи во италијанската Серија А. 
 
„Росонерите“ никако да врзат две победи, па денеска во рамките на 19.коло на гости против Фиорентина одиграа 1-1. 
 
Фиорентина поведе со голот на Џовани Симеоне во 71.минута, но радоста на домашните траеше кратко, бидејќи само три минути подоцна (74) Хакан Чалханоглу го израмни резултатот. 
 
Сепак избраниците на Гатузо немаа сили да направат комплетен резултатски пресврт, па на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод.