Свет
24. March 2018 - 11:47

Финска полиција доби барање за екстрадиција на Карлес Пуџдемон

Финската полиција добила барање од шпанските власти за екстрадиција на поранешниот регионален премиер на Каталонија Карлес Пуџдмон, кој во последниве неколку дена е на територија на Финска, беше соопштено утрово на официјалната веб-страница на шпанското МВР.

„Шпанија побара да биде екстрадиран нејзин граѓанин, кој во моментов е во Финска. Полицијата го извести за тоа обвинителството и почна размена на информации со шпанските власти", се наведува во текстот.

Вчера беше соопштено дека шпанскиот Врховен суд издал меѓународна потерница за Пуџдемон и неколкумина негови соработници, кои не се јавија на судските рочишта, а кои се во Белгија, Шкотска и Швајцарија.