Македонија
16. December 2017 - 16:26

Финансиската полиција влезе во ЈКП „Исар“ од Штип

Финансиската полиција влезе во ЈКП „Исар“ од Штип. Според извршениот увид на тендерската документација, скоро во сите работни единици на најголемото претпријатие на Истокот се откриени прекумерни трошења од страна на поранешното раководство. За  9 месеци во „Исар“ се набавени 7000 метли за 20 работници за метење на улици.

- Значи ако се 24 работни часа дневно, тогаш останува по 1 и пол метла за секој работник за еден работен ден – изјави Живко Тасев , директор на ЈП „Исар“ – Штип

Според Тасев, сомнително е и плаќањето за потрошена електрична енергија. Па така, кон бугарската фирма добавувач сметките се плаќале веднаш, иако имале 6 месечен грејс период.

- За таа сметка, долгот кон ЕВН останувал, па дури сега имаме од април до ноември камата во износ од 1 милион денари-изјави Тасев

За 1, 4 милиони денари е купена машина за пакување на сметките на граѓаните во пликоа, но истата не е во функција. Финансиската полиција ја разгледувала и тендерската документација за набавка на сигурносни вентили за 5 милиони денари. 

- Досега е вграден само еден, а набавени се 1000-додава Тасев

Тасев најави дека финансиската полиција останува и следната недела во претпријатието, по што ќе следуваат конкретни мерки.