Бизнис
15. May 2017 - 16:48

Финансии бара конечна одлука на Уставен за исплата на субвенциите

Земјоделците се уште не можат да ги добијат субвенциите. Министерството за финансии чека во среда Уставниот суд да ја донесе конечната одлука бидејќи како што велат само со решението  објавено минатата недела, немаат законско право да ги им ги префрлат парите на земјоделците.

И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите, велат од Министерството за финансии.

Минатата недела од Министерството соопштија дека побарале препис и појаснување на одлуката од Уставниот суд. Од судот пак  брифираа дека  ќе биде објавена штом се заврши со процедуралните работи.

Претходно судот ја прифати иницијативата на змејоделското здружение Агротиквешија со која беше побарано да се оспорат челеновите од законите кои не дозволуваа исплата на субвенциите до формирањето на Влада.

Исплатата на субвенциите е блокирана 7 месеци. Државата на земјоделците треба да им префрли пари по основ на субвенции за 2015 и 2016та. Тие во неколку наврати апелираа надлежните што поскоро да изнајдат решение.