Тенис
7. July 2016 - 23:01

Финале за Јотовски и Русевски во двојки на фјучрсот во Скопје

Македонската двојка Томислав Јотовски и Предраг Русевски ќе играат во финалето во конкуренција на двојки на третиот фјучрс во Скопје што се игра не терените на „Тенис парк“.

Јотовски и Русевски денеска остварија две победи. Најпрвин во продолжението на 1/4 финалето ги победија Челебиќ и Јандриќ со 6:4 и 6:3, а потоа во полуфиналето ги совладаа италијанските тенисери Грацели - Рика со 6:3 и 7:6 (7:4).
Утре во финалето ќе играат против првите носители Британците Ричард Габ и Нил Памфли.
Почетокот на финалето нема да почне пред 14:30 часот, односно по завршувањето на 1/4 финалните мечеви во сингл на теренот број 1: Сердарушиќ - Хампел и Месарош - Челебиќ.
Ова за Јотовски е трето финале во двојки по ред во Скопје, откако на преходните два турнира победи заедно со Лазов од Бугарија.
На теренот број се играат другите два 1/4 финални дуели: Габ - Памфли и Фортуна - Фабиан.
На турнирот во поединечна конкуренција немаше изненадувања, па осумте први носители ќе играат во 1/4 финалето.