Ракомет
14. May 2016 - 9:49

Финале куп: Вардар и Металург во борба за нов трофеј

Ракометарите на Вардар и на Металург попладнево во Охрид ќе играат во финалето на националниот Куп на Македонија. Ова ќе биде ново финале на големите ривали, а трофејот го брани тимот на Вардар. Двата тима пред 10-тина во плеј офот одиграа натпревар во кој Вардар го победи Металург со 26:22, а новиот првенствен натпревар ќе го играат на 25 или 26.мај.

Вардар има освоено 10 пехари во Купот, а Металург четири. Покрај овие два тима пет пати победник бил битолски Пелистер, а по еднаш Шевро Куманово, Борец и Тутунски Комбинат.
Натпреварот се игра во Охрид СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 17:30 часот.
Металург и Вардар ќе играат и во финалето на женска конкуренција во недела во салата во Автокоманда. Двете екипи досега заедно имаат освоено седум куп трофеи (Вардар 3, Металург 4), а другите 16 ги има освоено тимот на Кометал Ѓорче Петров).
 
Резултати на вчера одиграните дуели од полуфиналето:
 

Куп на Македонија, мажи
Сала „Билјанини Извори“ – Охрид:
Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор 30-28 (19-16)
Полуфинале (13 мај, петок, 20:00) Охрид – Вардар 21-29 (12-14)
Финале (14 мај, сабота, 17:30) Металург – Вардар

Куп на Македонија, жени
Сала „Автокоманда“ – Скопје:
Полуфинале (13 мај, петок, 14:00) Металург – Вардар Јуниор 23-19 (13-7)
Полуфинале (13 мај, петок, 16:15) Вардар – Куманово 51-18 (28-9)
Финале (15 мај, недела, 17:00) Металург – Вардар