Македонија
13. November 2015 - 17:24

Филсмката академија нуди нови можности за формирање на високо квалификуван кадар

Филмската академија каде  минатата седмица започна наставата во првата година од постдипломските студии по филмска драматургија и сценаристика ќе прерасне во регионален образовен центар.Премиерот Груевски истакна дека тој проект е е резултат на долгогдишна соработка и личен негов ангажман Охрид да добие дисперзирани студии од најпрестижната чешка академија.

Секоја година наставата ќе се проширува со нови студии додека не се оформат сите наставни програми за една филмска академија .

Тригодишните студии се прилагодени согласно стандардите на петтата најстара филмска школа во светот која ќе им овозможи на идните студенти да учат од најдобрите во областа.