Македонија
9. January 2016 - 9:16

Филмови за деца во Кинотека на Македонија

Циклус филмови за најмладите насловен „Ново киноутро“ ќе започне да се прикажува од денеска до 18 јануари во Кинотеката на Македонија.

Меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани во рамките на циклусот се и „Пудрата на доктор Проктор“, „Зозонците во земјата на ветрот“ и „Смотанко и трапавко: Невозможна мисија“.

Филмовите се синхронизирани на македонски јазик, а исто така, ќе бидат прикажани и анимирани филмови во 3Д.

Проекцијата на филмовите е во терминот од 12 часот.