Свет
19. February 2017 - 9:57

Филипинската армија ќе формира специјални сили за следење активности на групи за шверц на дрога

Филипинската армија ќе формира посебна единица „со големина на батаљон“ што ќе им помага на владината служба за борба со наркотици, да ги следи најголемите нарко-групи. Тоа е дел од борбата што неодамна ја објави претседателот Родриго Дутерте против шверцот на наркотици.

Неодамна претседателот го замрзна учеството на полицијата во акции против апсење лица вмешани во шверц со наркотици во која за седум месеци беа убиени над 7.700 луѓе. Сега во таа борба се вклучува и армијата која има право да апси и „полицајци соучесници“, како што се иазрази Дутерте.

Информацијата беше соопштена откако во минатиот месец беа најдени докази дека полицијата од оддел за борба со наркотици убиле јужнокорејски бизнисмен во централата на националната полиција.

– Ќе соработуваме со Агенцијата за борба со шверц на наркотици. Специјални сили се уште не се формирани, но бројноста ќе биде колку и батаљон, изјави шефот на ГШ на филипинската армија Едуардо Ано. – Во зависност од опасноста може да бидат мобилизирани до 5.000 војници, но во некои случаи може да се и 500, изјави тој.