Фудбал
15. March 2018 - 12:09

ФИФА рејтинг: Без поголеми промени за Македонија

Нашите најдобри фудбалери  се поместија за едно место на најновата рејтинг листа на ФИФА и сега сме 75-ти во светскиот фудбал. 

Во пресрет на тест-натпреварите во Анталија, избраниците на Игор Ангеловски  ги заменија местата со репрезентацијата на Сирија. Нашиот национален тим ќе се сретне со Финска на 23 и со Азербејџан на 27 март.

На врвот нема никакви промени, Германија е прва пред Бразил и Португалија. Напредок во првите десет забележа Полска, која се израмни со Шпанија на шестата позиција.