Фудбал
15. December 2015 - 9:43

ФИФА: Блатер делел „шаком и капом“

Швајцарските власти истражуваа 133 сомнителни трансакции поврзани со одлуката на ФИФА, Светските првенства во 2018 и 2022 година да им бидат доделени на Русија односно Катар, објави канцеларијата на државниот обвинител (OAG).
 
Оваа бројка на сомнителни трансакции е поголема од причината која беше објавена во август, кога од канцеларијата на OAG, објавија дека под истрага се 103 сомнителни трансакции. Русија и Катар ја демантираа канцеларијата на швајцарското обвинителство дека купувале гласови.
 
Покрај швајцарските, паралелна истрага во врска со финансиските малверзации во ФИФА водат и американските власти. ФБИ досега обвини 27 високи функционери на ФИФА за корупција.
 
Првиот човек на ФИФА Сеп Блатер, неговиот заменик Џером Валке и претседателот на УЕФА Мишел Платини се суспендирани од Етичкиот одбор на организацијата под сомнение за корупција.