Ф1
29. April 2017 - 16:25

Фетел пред Раиконен на стартот на руското Гранд-при

 
Двата болиди на Ферари ќе започнат од првиот стартен ред на утрешната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Русија.
 
На во Сочи, двајцата возачи на Ферари имаа најдобри времиња во денешните квалификации. Германецот, Фетел патеката ја мина во време од 1:33.194 минути, а неговиот тимски колега Кими Раиконен извозе во време 1:33.253.
 
Од вториот стартен ред руското Гранд-при ќе го започнат пилотите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, додека меѓу болидите на Реад Бул од шестата стартна позиција ќе започне Филипе Маса (Вилијамс), зад Даниел Рикјардо, а пред Макс Верштапен.
 
Во пресрет на четвртата трка сезонава чиј старт утре е закажан за 14 часот, лидер во Генералниот пласман е Себастијан Фетел со 58 бодови, седум повеќе од Хамилтон, а по нив следуваат Финците, Ботас со 38 и Раиконен со 34,