Ф1
29. October 2017 - 9:39

Фетел најбрз на квалификациите во Мексико

Возачот на Ферари Себастијан Фетел имаше најдобро време на синоќа одржаните квалификации за Големата награда на Мексико. Ова за нехо е 50.та пол позиција во кариерата.
Во првиот ред до Фетел ќе биде Макс Ферстапен од Ред Бул, а потоа следи лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон од Мерцедес. 
Вторите возачи на Мерцедес и на Ферари Валтери Ботас и Кими Раиконен се пласираа на четвртото односно петтото место. 
Стартот на вечерашната трка е во 20 часот, а Фетел со евентуален триумф може да ја одложи промоцијата на Хамилтон во светски првак.