Македонија
21. October 2017 - 9:19

Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира - 2017“

Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира - 2017“ ќе се одржи вечер во Музејот на град Скопје.

На концертот ќе настапат Линда Хедлунд - виолина (Финска) и Доменико дел Гуидиче - гитара (Италија). 

На програмата се дела од Ј.С.Бах, Ф.Шуберт, М.де Фаља, М.Дуплески, А.Пјацола.

Хедлунд дипломирала во Виена 2002 година на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, а докторира по музичка интерпретација на виолина на Академијата Сибелиус, каде што за време на нејзиното школување работи како универзитетски асистент. Таа била успешна на разни натпревари, а работела меѓу останатото и како концерт мајстор на Пацифичкиот музички фестивал во Јапонија.  Таа настапувала и како водич/солист со Sinfonia da Camera од Финска, Австрискиот камерен оркестар и други.

Хедлунд го основа и музичкиот фестивал Емасало во 2007 година, што се одржува секое лето во јужна Финска.

Дел Гуидиче е роден во Бари, Италија во семејство на професионални музичари. Неговите музички студии започнале во рана возраст. Рано започнувајќи ја својата кариера, дипломирал со почести во конзерваториумот Conservatorio Benedetto Marcello во Венеција и Ecole Nationale du Rancy во Франција.

Потоа се преселил во Шпанија, каде што го усовршил своето музицирање со Хозе Томас. Во Франција продолжил со студирањето на изведбена практика на ренесансна и барокна музика со Хавиер Хинојоза.

Веќе неколку години добива стипендии, што му овозможуваат да присуствува на универзитетските курсеви за шпанска музика во Сантијаго де Компостела. Тој присуствувал на курсеви и мастер класи со Мануел Баруеко, Лео Броувер и пред сè Дејвид Расел.

Редовно одржува концерти во Италија, Франција, Шпанија, Белгија, Германија, Канада, Англија, САД, Аргентина, Мексико, Турција, Кипар, Македонија, Финска, Полска, Норвешка и Црна Гора.