Кошарка
17. January 2017 - 14:19

,,Феникси" долетаа до плејофот во Европската младинска лига

 
 
 
Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 со својата селекцијата на играчи родени 2003-година (У-14), остварија голем успех пласирајќи се во плејофот на Европската младинска лига (European Youth Basketball League - ЕИБЛ).
 
Со максимални 8 победи во исто толку одиграни натпревари Феникс 2010 убедливо го освои првото место во А групата во која настапија уште осум екипи.
 
Откако супериорно го одиграа првиот турнир, на вториот кој се одржа во унгарскиот Дебрецен, беа уште поубедливи.
 
Иако во Дебрецен птпатуваа без двајца играчи (здравствени причини), а во текот на турнирот имаа и пехови со повредите, сепак избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ, демонстрираа победнички карактер, па на противниците ниту во еден момент не им дозволија да се понадеваат на евентуално изненадување.
 
Тоа најдобро го потврдува и фактот со просечната кош разлика од речиси 20 поени по натпревар со кои младите Феникси ги добија средбите.
 
Првата средба против унгарскиот тим Сопрон го добија со 78:63, по што следуваше победата над Радбегер Академија (Унгарија) 82:60. Иако чешкиот шампион УСК Пелхмиров се наметна како можен конкурент на Феникс за првото место, сепак тоа не беше така на теренот, па средбата заврши со 80:59. Во последниот меч растеретени од императивот за победа младите кошаркари на Феникс го совладаа белградски Флеш со 69:46 со што беше потврдено првото место во групата.
 
По ова претстои разигрувањето односно плејоф групата во Централната зона во која Феникс 2010 за противници ќе ги има шампионите на Србија, Младост Белград,  на Германија, Баерн Минхен и на Романија Ородеа како и домаќинот на турнирот Дебрецен.
 
Првопласираните две екипи ќе се пласираат во Супер-финалето во кое ќе играа најдобрите екипи од Првата дивизија во која настапуваат се екипи од Русија, Литванија, Летонија, Италија, итн, итн...
 
Плејоф турнирот во Дебрецен ќе се одржи од 30 март до 2 април.