Кошарка
8. March 2017 - 10:03

Фени Индустри го совлада Теодо во првиот четвртфинален меч во БИБЛ лигата

 
 Кошаркарите на Фени Индустри го добија првиот меч против Теодо во рамките од четвртфиналето на регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), . 
 
На натпреварот одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го победи црногорскиот претставник во БИБЛ, Теодо со 100-97.
 
Најефикасен во редовите на кавадаречката екипа беше Матија чешкпвиќ со 39 поени, додека Бранислав Џекиќ кој средбата ја заврши со 18 поени. 
 
Реванш натпреварот ќе се игра во Тиват по седум дена, а доколку Фени загуби тоа не смее да биде со поголема разлика од денешните 3 поени со колку оствари триумф. 
 
Денеска,  во терминот 19 часот,  гевгелиски Кожув му гостува на косовскиот тим Пеќ. 
 
Потсетување дека веќе Македонија има полуфиналист во БИБЛ лигата и тоа во екипата на Куманово која како и бугарскиот тим Берое директно обезбедија пласман во полуфиналната рунда, како најдобро пласирани екипи од своите групи.