Македонија
21. December 2016 - 0:07

Фени Индустри домаќин на Работнички

 
 Дерби натпреварот од 7.коло во Првата македонска кошаркарска лига, ќе се игра вечерва во Кавадарци, каде ќе се сретнат Фени Индустри и Работнички. 
 
Тоа ќе биде дуел на двете досега непоразени екипи во домашниот кошаркарски шампионат, во кој Работнички влегува како лидер на табелата со ист број на бодови како и кавадаречката екипа. 
 
Овој натпревар ќе започне од 18 часот, терминот во кој ќе стартуваат и средбите во Битола меѓу Пелистер – Кожув, како и дуелот во АВ Охрид – Вардар. 
 
Последниот натпревар од ова коло ќе се игра од 19 часот, а во него Куманово ја пречекува екипата на Струмица.