Бизнис
20. October 2017 - 19:22

Фени доби нов газда, сите вработени остануваат на работа

Компанијата Фени доби нов газда. Бугарската Енекод потпиша договор за преземање, со кој се обврза сите 850 вработени да останат на работа. Ќе им биде исплатена и септемвриската плата, а производството ќе продолжи во најскоро време. Новите сопственици го презеле и долгот на фирмата, кој надминал 70 милиони евра.

Повеќе од еден месец Фени работи на оджлив минимум , произвоство нема, а имотот беше попишан од извршители. Вработените го обвинија раководството на комбинатот за недомаќинско работење кое довело до огромни долгови, со што се закануваше стечај и отпуштање на 1,000 вработени.