Фен за коса против пребрзо возење
Жители од едно село во Шкотска каде автомобилите поминуваат со брзина од сто километри на час, се досетиле како да ги забават.
Тие ја зедоа работата во свои раце - во жолто-зелени елеци, какви што користи полицијата, локалното население стои на патот држејќи црн фен за коса кој од далеку личи на рачен полициски радар за мерење на брзината.
Би-Би-Си јавува дека населението од селото Хоупмен немаат многу успех, но трпеливи се, сметајќи дека со тоа на возачите и властите им укажуваат на простоечкиот проблем, додека шкотската полиција рече дека е „свесна за пребрзото возење во таа област“ и дека „секогаш со тоа се занимава“.
Не е првпат некој на тоа да се сети, наведува Би-Би-Си и набројува дека тој трик се користел во 2000 година во едно село во Англија, потоа во 2012 на Флорида, а во 2016 година во село во Полска каде некој покрај патот поставил кукла во униформа слична на полициската во чија рака бил - фен за коса.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација