Интернет
21. March 2016 - 21:49

Фејсбук со нова скриена игра во порака

По втор пат досега, Фејсбук вметна тајна игра во својот Messenger, овој пат по повод почетокот на кошаркарскиот турнир на колеџите во САД.

За да ја играте, пред сè, потребно е да ја имате најновата верзија на Messenger.

Потоа едноставно пратете емотикон од баскет на некој пријател и откако ќе го испратите, стиснете на баскетот. По ова, ќе се најдете во играта и пред вас ќе видите бел екран, баскет и обрач.

Ако постигнете повеќе од 10 поени во партија, се случува нешто интересно.

Играта е едноставна и интересна – одлично за „тепање“ време.