Тенис
23. November 2015 - 9:31

Федерер: Подобро да загубиш отколку да не играш

Швајцарскиот ас Роже Федерер и покрај поразот на завршниот Мастерс во Лондон ја оцени сезоната како извонредна за него  бидејќи е третопласиран на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј. 

Федерер доживеа убави моменти и во Лондон каде беше фаворит на тениските фанови а имаше и успеси на турнирите во 2015 година.
Федерер го играше 10-тото финале во Лондон каде и натаму е рекордер со 10 трофеи. Во финалето загуби од Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3.
„Никогаш не е забавно да стоите на страната на поразениот во финалето. Но подобро е да се игра отколку да се откажете како лани кога имав проблеми со грбот. Имав фантастична недела но и сезона. Му честитам на Ѓоковиќ на извонредните игри и успеси оваа година. Се ова што го постигнав е благодарение на мојот тим“-изјави Федерер кој најави дека ќе игра и следната сезона.