Loading Video...
Тенис
15. October 2017 - 16:55
Федерер подобар од Надал во финалето на Мастерсот во Шангај
Роџер Федерер е победник на АТП Мастерс турнирот во Шангај.
Федерер во финалето многу полесно од очекуваното го совлада светскиот рекет број 1 Рафаел Надал со 2:0 во сетови.
Федерер одлично го почна мечот и уште во првиот гем направи брејк, предност која се покажа кчучна за првиот сет кој Швајцарецот го доби со 6-4. Во вториот 36-годишниот Федерер доби два гема на сервис на противникот, петиот и деветиот со што го доби сетот со 6-3 за конечен триумф од 2:0 во сетови.
За Федерер ова беше 15-ти триумф, петти во низа, во дуелите против Надал кој досега го има победено Швајцарецот на 23 меча.
За Швајцарецот денешната титула е вкупно 94-та во кариерата со што се израмни на второто место на вечната листа со Иван Лендл.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->