Тенис
12. November 2017 - 18:34

Федерер го совлада Сок на стартот од завршниот мастерс

Роже Федерер го оствари планот на старот од завршниот мастерс во Лондон  совладувајќи го во два сета со 6-4 и 7-6 Џек Сок. 
На Швајцарецот му беа доволни еден брејк и мини брејк за да дојде до посакуваната победа. А  јасна слика за мечот гледачите добија уште по првиот сервис на Сок кој му донесе поен на Федерер.  На мечот имаше и комични моменти и забава за гледачите кои во вториот меч од групата ќе ги гледаат Зверев и Чилиќ додека утре на програмата се првите мечеви од групата А, Тим - Димитров и Надал - Гофан.