Свет
13. December 2017 - 21:42

Фед третпат годинава ја зголеми основната каматна стапка

 - Американсата Управа на федералните резреви (Фед) донесе одлука за зголемување на нејзината основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на ниво од меѓу 1,25 и 1,5 отсто.

Тоа е трето зголемување на основната каматна стапка на Фед годинава, во обид за „демонострирање доверба кон солидарноста на американската економија“.

Во соопштението на Фед од денешната седница на Управниот одбор се посочува дека централната банка на САД очекува пазарот на трудот и американската економија да продолжат да се опоравуваат и во следната година.

Експертите проценуваат дека Фед најверојатно и во текот на 2018 година во три наврати ќе ја зголеми својата основна каматна стапк