Тенис
13. November 2016 - 10:23

Фед куп: Франција - Чешка 1:1 по првиот ден

Во финалето на Фед купот меѓу Франција и Чешка што се игра во Стразбур по првиот ден резултатот е 1:1.Поведе Чешка откако Каролина Плишкова во маратонски меч ја победи Кристина Младеновиќ со 2-1 вос етови (6:3; 4:6 и 16:14). Поенот за Франција го донесе Каролине Гарсија со победата од 2-0 во сетови (7:6 (8:6) и 6:3) над Петра Квитова. Гарсија инаку од утре ќе настапи и на турнирот во Лимож каде во квалификациите попладнево игра и нашата тенисерка Лина Ѓорческа.

Денеска се играат сингл мечевите: Гарсија - Плишкова и Младеновиќ - Квитова и потоа ако е потребно мечот во двојки.