Свет
23. March 2016 - 10:27

ФБИ и Њујоршката полиција доаѓаат во Брисел да истражуваат за американските жртви

Федералното биро за истраги (ФБИ) на Соединетите американски држави, заедно со Њујоршката полиција, денеска ќе пристигнат во Брисел со свои експерти со цел да ги истражат потенцијалните американски жртви од вчерашните терористички напади во главниот град на Белгија во кој загина 31 лице, а 230 се повредени, јави дописникот на МИА од Брисел.
 
Иако белгиските безбедносни служби и истражни органи веќе добиваат помош од своите колеги од Германија, Франција и другите земји-членки на Европската унија во истрагата по нападите, сега се вклучува и САД.

 - Ние доаѓаме за да ја истражиме причината за смртта на американски државјани во овие напади, како ид а им помогнеме на белгиските истражни органи - истакна Џон Милер, шеф на анти-терористичката дивизија на Њујоршката полиција.

 
Иако, официјално само една од 31 жртва на вчерашниот двоен терористички акт во Брисел е идентификувана, а тоа е 36-годишна жена од Перу, сепак, според претпоставките, меѓу настраданите има и други странски државјани, меѓу кои и Американци.