Свет
24. February 2017 - 18:02

ФБИ го одби барањето да ги негираат вестите за контактите на соработници на Трамп со руски разузнавачи

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го одбило барањето на Белата куќа да се негираат како неточни, информациите во медиумите за тоа дека соработници на претседателот Доналд Трамп комуницирале со руски разузнавачи, познати на американските тајни служби, во текот на претседателската кампања во 2016 година, јавува Си-Ен-Ен.

Според оваа телевизиска компанја, од Белата куќа им било објаснето дека барањето било направено дури тогаш кога ФБИ им навестиле оти не веруваат во точноста на таквите вести.

Но Белата куќа барала од ФБИ и од разузнавачките агенции , кои го испитувале она што го објавија весникот „Њујорк Тајмс„ а потоа и Си-Ен-Ен на 14 февруари , да соопштат дека , всушност, немало контакти , како што тоа го тврдеа овие два угледни американски медиуми.

Претставник на Белата куќа, подоцна, за телевизијата рекол дека од ФБИ не било барано да демантира, туку само да ја „објави вистината„.
Си-Ен-Ен јавува дека од ФБИ било одбиено да дадат каков било коментар, откривајќи дека заменик генералниот директор на Бирото имал и средба со шефот на кабинетот на Белата куќа, Реинс Прибус.

Првичното објаснување за оваа средба била дека од ФБИ „предупредиле„ оти вестите во медиумите се „пвеќе она што има Бирото„ но тоа подоцна било повлечено.

„Њујорк Тајмс„ пред десет денови објави, иако без повикување на било кој извор, дека во текот на претседателската кампања , луге од штабот на тогаш републиканскиот кандидат Трамп, редовно се срекавале со руски функционери, за кои има сознанија дека се разузнавачи.

Веднаш потоа, Белата куќа реагираше остро против таквата информација, нарекувајќи ја „комплетно ѓубре„ а претседателот , на Твитер, прашуваше дека поголем проблем е „истекувањето на информации“ во Вашингтон.

Медиумите во САД го осудуваат однесувањето на Белата куќа и нејзните контакти со ФБИ и разните барања упатени до Бирото, додека трае истрагата, како нешто што не е дозволиво, затоа што досега никој не го правел.

Барањата да се „негираат„ Си-Ен-Ен и „Њујорк Тајмс„ доаѓа откако поголем број конгресмени изразија загриженост за руското мешање во последните избори и за блискоста на „лугето околу Трамп„ со Русија.

Сенатскиот Комитет за разузнавање на 17 февруари има одржано затворена средба со директорот на ФБИ, Џејмс Коми. Ништо од овој брифинг досега не е објавено, но Си-Ен-Ен открива дека сенаторите зборуваат дека „постојано има нови информации„ за Русија и за нејзиното мешање.