Свет
23. August 2016 - 16:31

ФБИ достави до Стејт департментот околу 15.000 eлектронски пораки на Хилари Клинтон

ФБИ му предаде на Стејт департментот  уште околу 15.000 електронски пораки од приватен сервер на Хилари Клинтон кој таа го користела додека била државен секретар.

Американското Министерство за внатрешни работи ќе ги прегледа електронските писма и ќе одлучи кои од нив може да бидат објавени.

ФБИ ги откри  при истрага против Клинтон за начинот на кој таа ги користела класифицираните информации.

Жестоко гранатирање: Турската армија ги нападна Курдите и џихадистите во Сирија

Турските сили денеска, втор ден по ред, гранатираат позиции на Исламската држава во северна Сирија, откако две минофрлачки гранати од сириската територија  погодија турски пограничен град.

Како што објави турската телевизија „НТВ“, турската војска истрелала 40 гранати врз четири цели на ИД во Сирија.  

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика властите на Русија, САД и Иран да „отворат нова страница“ во решавањето на сирискиот конфликт.

Голема материјална штета од синоќешната бура во Хрватска

Бурата, што во текот на ноќта го погоди хрватското јадранско крајбрежје, предизвика голема материјална штета, дрвја и гранки носени од ветрот го оневозможија сообраќајот во делови на Сплит и уништија неколку возила.

Во Задар улици се поплавени, а поради силниот ветар, спасувачките служби добиле неколку сигнали за помош од чамци, кои останале во морето.

На места  врнежите достигнале 90 литри на метар квадратен, а во близина на Лошињ е паднат град со големина на орев.Засега нема информации за загинати или повредени лица.