Фатена жената што нападна старица во Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 21-годишната Е.Ѓ од Просениково за напад на 80-годишна старица во Струмица.
Осомничената за кривично дело „разбојништво“, на 21 ноември годинава околу 21:37 минути ја нападнала старицата, и ја зела чантата влечејќи ја еден метар и побегнала кон такси возило во кое имало бебе.
- Додека оштетената била влечена гласно викала и барала помош. Викањето го слушнале четири децата кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи веднаш започнале да трчаат по пријавената. За кратко време пријавената влегла во такси возило каде било оставено нејзиното бебе со намера да замине, но едно од децата застанало пред возилото, кажувајки му на возачот дека жената има украдено ташна и соборено жена на земја, притоа одземајќи и ја ташната. Додека сите деца и возачот разговарале пријавената излегла од такси возилото, си го зела бебето и со трчање се дала во бегство, рече почртпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес-конференција.
Рендевска додаде дека децата и ја вратиле чантата на оштетената од која недостасувал паричникот и личните документи.
- При нападот оштетената се здобила со повреди и и била укажана медицинска помош, а од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. По пријавување на настанот во СВРСтрумица веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, рече Рендевска.
По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР Струмица изготвена е кривична пријава и со материјалните докази е доставена во ОЈО Струмица.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово