Македонија
25. January 2017 - 16:33

Фатен крадец што „оперирал“ по цркви

Штипската полиција го фати на лице место 30 годишниот крадец на сакрални предмети и пари. К.С. од Штип, од 12-ти декември лани до 7-ми јануари, годинава, во 5 наврати извршил тешки кражби со обивање на вратите од 3 цркви во градот, при што одзел парични средства и богослужбен крст во вредност од над 750 евра.

- СВР –Штип според статистиката мината година има поднесено 26 кривични пријави за сторени 29 кривични дела тешки кражби од верски објекти- изјави Гиордана Панајотова- портпарол на СВР –Штип

Инаку од вчера напладне полицијата интензивно трага и по 13 годишно девојче од с. Шашаварлија, кое според неговиот татко кој пријавил во полиција, откако, вчера наутро заминало на училиште со комбето за превоз на ученици не се вратило дома заедно со своите соученици.