Македонија
19. August 2015 - 14:07

Фатен Грк, со фалсификувани евра пазарел во Македонија

Вчера околу 2 часот изутрината на граничниот премин „Богородица“ на излез од Македонија при извршена проверка на ПМВ „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од В.К. (42) грчки државјанин утврдено е дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај лицето биле пронајдени и шест банкноти од по 50 евра со ист сериски број.

Тој предходно со фалсификувана банкнота извршил наплата за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин. В.К. е приведен во ПС Гевгелија извршен е разговор и од страна на РЦ за ГР Југ поднесена е кривична пријава до ОЈО во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“, а  од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.