Спорт плус
22. August 2015 - 18:54

Фарах го одбрани златниот медал на 10.000 метри

Британскиот атлетичар Мохамед Фарах ја одбрани светската титула во трката на 10.000 метри на Светското првенство што се одржува во Пекинг. Тој патеката ја истрча за 27:01.13 минути и зад себе ги остави атлетичарите од Кенија Џефри Кипсанг Камворор (втор) и Пол Таниу (трет).
Во втортата дисциплина во која попалднево се делеа медали во фрлање ѓуле кај жените победи Германката Кристина Швајнц, која имаше должина од 20:37 метри или за седум сантиметри подобро фрлање од домашната натпреварувачка Лијиао Гонг од Кина. Бронзениот медал го освои Мишел Картер.